САД: Руски претставници сметаат дека авионот на Синај се урнал поради експлозија на бомба

Од:

Американското разузнавање пресретнало комуникација на претставници на руските власти, во која тие изнесуваат оценка дека рускиот авион што на 31 октомври се урна на Синај, паднал поради експлозија на бомба, објавија американските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор во Администрацијата во Вашингтон.

Египет и Русија досега официјално не ја објавија причината за падот на рускиот „Ербас А321“ на Синајскиот Полуосторв, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

Двете земји во неколку наврати остро раегираа на тврењата на западни извори дека во авионот експлодирала бомба.

Денеска се огласи и извршниот дирекот на „Ербас“, Фабрис Брежие, кој изјави дека првичните податоци од истрагата не даваат никакви докази оти паднатиот руски авион имал некакви технички проблеми.

Според Брежие, причината за уривањето на „Ербасот“ не е во авионот.

– Податоците од истрагата не укажуваат дека (падот) се должи на какви и да било технички причини, рече Брежие, додавајќи дека сепак пред донесувањето на некакви заклучоци, треба да се почекаат конечните резултати од истрагата за урувањето на рускиот авион.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија