САД реагираше на говорот на рускиот претседател: „НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин“

Од:

Пристигна првата реакција на САД на денешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека „постои сериозна опасност да се вовлече НАТО“ во војната во Украина.

Во својот говор во седиштето на НАТО во Брисел, американскиот министер за одбрана Лојд Остин им порача на сојузниците дека „нема да бидат вовлечени“ во војната што ја наметна Владимир Путин.

Обраќајќи им се на своите колеги министри за одбрана на НАТО, Остин истакна дека и покрај „историските предизвици“ со кои се соочува алијансата, тие се справуваат со нив „со доверба и единство“.

„Не смееме да се залажуваме“, рече тој, а потоа додаде: „НАТО нема да биде вовлечен во војната што ја иницира Путин“.

„Но, ние ќе ја зајакнеме одбраната и одвраќањето на НАТО. И ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“, заклучи Остин.

Би можело да ве интересира

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ