САД првпат гласаа против осуда на Израел

Од:

САД првпат гласаа против резолуција на Обединетите нации со која се осудува израелската окупација на Голанската Висорамнина.

– Иако резолуцијата е усвоена во Генералното собрание на ОН со 151 гласа „за“ и само два „против“, американскиот став претставува измена на политиката, која би можеле да има последици во иднината, се дел од коментарите во израелските медиуми.

САД претходно се воздржуваа од гласање за таков документ.

Другата земја која гласаше против резолуцијата беше Израел.

Израелските лидери лобираат во администрацијата на претседателот, Доналд Трамп и во американскиот Конгрес, САД да го признаат суверенитетот на Израел над стратешки важната Голанска Висорамнина.

Американската мисија во ОН на Твитер објави дека „САД повеќе нема да се воздржува кога ОН ќе се занимава со бескорисното годишно гласање за Голанска Висорамнина“.

– Резолуцијата едноставно е против Израел, во петок ќе гласаме не, напиша на Твитер Американската мисија во ОН.

Владата на Израел и се заблагодари на администрацијата на САД, како и на амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли.

Во соопштението на САД се наведува дека поради тензичноста на сириската граница нема оправдување за поддршката на таков чекор и дека „злосторствата (на сирискиот режим) докажуваат недостиг на способност да се владее со кого било“.

– Таквата резолуција не придонесува ништо да ниту една страна се приближи до мировниот договор, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски