САД пред можна рецесија поради трговскатa војна со Кина

Од:

Трговската конфронтација помеѓу Вашингтон и Пекинг може да предизвика рецесија на економијата во САД, заклучија аналитичари од најголемата банка во светот, „Голдман Сакс“, јави „Блумберг“.

Како што се вели во анализата на финасиската организација, американските и кинеските власти нема да можат да склучат трговска зделка до изборите во САД идната година, а причина за тоа се заканите на Вашингтон за воведување нови царини како одговор на возвратните мерки на Пекинг.

Поради тоа, експертите од „Голдман Сакс“ прогнозираат дека растот на БДП на САД во четвртиот квартал на 2019 година ќе се намали за 0.2 процентни поени или до 1.8 отсто.

-Стравувањата за тоа дека трговската војна ќе послужи како иницијална каписла за рецесија се зголемуваат, се вели во анализата.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците