САД повикаа земјите да не дозволуваат прелети на руски авиони со дестинација Венецуела

Од:

Портпарол на американскиот Стејт департмент денеска и се заблагодари на Малта затоа што не даде дозвола руски авиони да го користат нејзиното воздушно пространство за прелет во Венецуела.

-Го поздравуваме решението на Владата на Малта да им забрани на руските авиони да го користат нивното воздушно пространство за снабдување на жестокиот поранешен режим на Венецуела, напиша на Твитер Морган Ортагус, портпарол во Стејт департментот.

Таа истакна дека „САД ги повикуваат сите земји да го следат примерот на Малта за запирање на поддршката што Кремљ ја дава на диктаторот Мадуро“.

Дека Малта не дозволува прелет на руски авиони со дестинација Венецуела, претходно потврди и Министерството за надворешни работи на Русија откако Москва на 4 април официјално побарала во амбасадата на Малта дозвола за прелет преку малтешкото воздушно пространство.

Како што е веќе познато, при крајот на март два руски авиони атерираа на аеродромот во Каракас со товар тежок 35 тона и 99 руски војници предводени од началникот на штабот на копнените сили Василиј Тонкошкуров.

Вашингтон и повеќе други западни престолнини изразија загриженост поради присуството на руски војници на територијата на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски