САД потврдија дека во Сирија е убиен и портпаролот на ИД, ал-Мухаџир

Од:

САД денеска потврдија дека во операцијата на американските сили на северот од Сирија е убиен портпаролот на Исламска држава, Абу ал Хасан ал-Мухаџир, кој важеше за втор човек на ова екстремистичка организација.

Курдските сили во Сирија во неделата соопштија дека ал-Мухаџир е убиен во заедничка акција на курдските и американските сили на северот на Сирија и дека бил ликвидиран во продолжение на операцијата во која претходно погина лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади.

Курдските сили соопштија дека Мухаџир бил „десната рака“ на лидерот на ИД, ал-Багдади, потсетуваат британските медиуми.

Официјален претставник на Стејт департментот, кој побара анонимност, исто така, наведе дека ал-Мухаџир бил „бројот два“ во Исламска држава, додавајќи дека тој е убиен во одвоена операција на американската армија од таа во која беше убиен лидерот на ИД, наведуваат британските медиуми.

Претставникот на Стејт департментот додал и дека мнозинските курдски Сириски демократски сили (СДФ) имале значајна улога во операцијата во која е убиен Мухаџир.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху