САД подготвени да помогнат во истрагата околу исчезнатиот новинар Кашоги

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека Вашингтон е подготвен на секаков начин да помогне во истрагата за исчезнувањето на новинарот на „Вашингтон Пост“, кому се губи секаква трага откако пред една недела влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Одговарајќи на новинарско прашање дали САД би испратиле експерти од ФБИ во саудискиот конзулат доколку Саудиска Арабија побара, Пенс рече дека Вашингтон е подготвен да помогне на секаков начин.

Претходно, американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика владата на Саудиска Арабија да поддржи „темелна истрага“ за саудискиот новинар и транспарентно да ги објави резултатите од истрагата.

Саудиска Арабија вчера покани турски експерти и надлежни лица да го посетат нејзиниот Конзулат во Истанбул поради случајот со исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

Саудискиот принц Мохамед бин Салман во петокот изјави дека Кашоги влегол во конзулатот, но заминал малку подоцна. Тој самиот ги покани турските власти да ја пребараат зградата.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Република Турција Хами Аксој најави увид во зградата на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

За Кашоги нема никакви иформации откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври. Турските и саудиските власти даваат противречни изјави. Анкара тврди дека тој не излегол од конзулатот, а Ријад вели дека истиот ден го напуштил објектот.

Турските медиуми денеска објавија фотографии од наводниот 15-член саудиски „тим за убиство“ и видео за сомнително движење во саудискиот конзулат по исчезнувањето на новинарот на „Вашингтон пост“.

Саудиска Арабија не реагираше на објавувањето фотографии, иако тие не пружаат доказ за судбината на Кашоги.

Приватната турска телевизиска станица „Њуз ченел 24“ објави снимка од Кашоги како влегува во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и црно комби кое подоцна оди кон домот на конзулот. Тв станицата сугерира дека Кашоги бил во комбито од марката „Мерцедес Вито“.

Кашоги, кој живееше во егзил во САД, исчезна во Истанбул минатиот вторник, по посетата на Конзулатот, каде бил заради документи кои му биле потребни за склучување брак, појасни неговата свршеница.

Кашоги е долгогодишен новинар, дел од редакцијата на „Вашингтон пост“, познат по критичките текстови за саудискиот принц. Во неговите текстови тој ја критикуваше и Саудиска Арабија поради војната со Јемен и спорот со Канада. Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-ите се обидел да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил.

„Повеќе од 15 саудиски новинари и блогери се уапсени, во услови на целосна нетранспарентност од септември минатата година“, објави невладината организација „Репортери без граници“.

Исчезнувањето на Кашоги „се вклопува во бранот тешка репресија врз саудиските новинари, често при целосен недостиг на транспарентност“, се вели во соопштението на „Репортери без граници“. Организацијата повикува на нова независна меѓународна истрага за да се открие што се случило со Кашоги.

Во повеќето случаи, апсењата на саудиските новинари не се официјално потврдени и не е познато каде се, или кои обвинувања против нив се подигнати, истакнуваат „Репортери без граници”.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија