САД одби да соопшти дали ќе го отповика амбасадорот во Москва

Од:

Белата куќа одби да соопшти дали ќе го повика назад својот амбасадор во Москва, откако Русија го отповика амбасадорот во Вашингтон.

Рускиот амбасадор Анатолиј Антонов најави дека ќе отпатува за два дена. Во моментов нема коментар за можно повлекување на американскиот амбасадор во Русија. Администрацијата на САД најави дека ќе го промени својот пристап кон руската влада.

Потегот на Москва следеше по интервјуто на претседателот Џо Бајден за телевизијата Еј Би Си, во кое тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе плати за своите злосторства“ и потврдно одговори на новинарското прашање дали смета дека рускиот претседател е „убиец“.

Бајден, исто така, соопшти дека му рекол на Путин дека „нема душа“, на што рускиот претседател одговорил дека „се разбираат“ еден со друг.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки одби да објасни дали Бајден сметал дека Путин е убиец и буквално. На прашањето за повлекување на амбасадорот, таа рече дека администрацијата на Бајден ќе има поинаков пристап кон Русија од претходно.

Портпаролката на Стејт департментот Џалина Портер изјави дека САД, додека работат на унапредување на своите интереси со Русија, исто така ќе побараат Русија да одговара за злосторствата.

Администрацијата на Бајден изрази интерес за соработка со Русија за прашања од заеднички интерес, како што се нови договори за нуклеарно оружје или климатски промени.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците