САД од Чешка однесе високо збогатен ураниум доволен за изработка на две нуклеарни боеви глави

Од:

Соединетите американски држави заедно со сојузниците обезбедиле отстранување на 68 килограми високо збогатен ураниум од Чешка, информираа чешките медиуми повикувајќи се на изјава на портпаролката на американскиот Национален совет за безбедност, Кејтлин Хајден.

Материјалот, кој бил доволен за да се изработат две нуклеарни боеви глави, пред две недели бил префрлен во Русија каде ќе се употреби како гориво за нуклеарните реактори, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Според претседателката на чешкиот Државен завод за нуклеарна безбедност, Дана Драбкова се работело за материјал од експерименталниот реактор „Во Реж“ во близина на Прага.

– Отстранувањето на високо збогатениот ураниум од Чешка е кулминација на неколку годишните напори на американскиот Национален нуклеарен безбедносен орган, на Чешкиот институт за нуклеарни истражувања, руската Сојузна агенција за атомска енергија и Меѓународната агенција за атомска енергија, се вели во соопштението на Белата куќа, истовремено изразувајќи благодарност на партнерите и чешката и руската Влада за нивната соработка.

Според САД, Чешка е десетта земји од која откако стапи на функцијата претседателот Барак Обама е отстрането целото количество на високо збогатен ураниум. Пред четири години, на 5 април 2009 година, токму во Прага, американскиот претседател Обама ја најави неговата цел за ослободување на светот од нуклеарното оружје.

Покрај Чешка, збогатен ураниум во Русија враќаат и Србија, Романија, Бугарија, Либија, Узбекистан, Полска, Германија, Латвија и Виетнам. Во 2010 година, на Самитот за нуклеарна безбедност, претставници на 47 земји се согласија дека во рок од четири години ќе ги обезбедат сите опасни нуклеарни материјали да не можат да дојдат во рацете на терористите.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски