САД: Неколку сојузни држави започнаа со олабавување на мерките за карантин

Од:

Повеќе соујзни држави во САД преземаат чекори за олабавување на мерките по воведениот карантин поради ширењето на коронавирусот.

Така на пример, гувернерите на Флорида и Јужна Каролина веќе наредија отворање на крајбрежни зони како паркови и плажи за некои активноста како риболов, пливање или шетање на миленичиња во одреден период од денот, со строга запазување на физичко растојание. Слично е и во Минесота и Тексас.

Во Џексонвил, Флорида, илјадници љубители на сончањето ги посетија плажите викендов, што предизвика критики по социјалните мрежи.

Ајдахо, Охајо и Северна Дакота се подготвуваат од 1 мај да ги отворат несушествените бизниси, според препораките за фазно отварање претставени од Белата куќа минатата недела.

Монтана пак планира да започне со отварање на 24 април. Њујорк во саботата ги отвори јахтинг клубовите и пристаништата за рекреативна употреба. Државата објави правила за отварање на голф клубовите. Охајо ќе објави план за „постепено“ отварање на 1 мај.

Сепак, бизнисите и училиштата на голем дел од територијата на САД остануваат затворени.

Во десетина градови ова предизвика протести против гувернерите и нивните мерки за останување дома и физичка дистанца. Протестите главно се предводени од поддржувачи на претседателот Доналд Трамп, кои се жалат за нарушени човекови права.

На брифингот синоќа, Трамп изјави дека некои гувернери отишле предалеку со забраните, и дека луѓето имаат право да протестираат.

-Сето ова на крајот нема да има значење, кога државите ќе почнат да го обнувуваат социјално-економскот живот, изјави Трамп.

Гувернерот на Мериленд, Лари Хоган, републиканец, синоќа изјави дека е против тоа да се испраќаат противречни пораки „дека треба да ја игнорираме федералната политика и федералните препораки“.

Гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли, демократ, пак смета дека повикот на Трамп за отварање на државите е „опасен“.

И од СЗО укажаа дека државите треба да бидат внимателни и постепено да ги олабавуваат рестрикциите.

Во меѓувреме, Конгресот и Белата куќа се близу до договор за нов пакет помош во висина од околу 450 милијарди долари за малите бизниси, болниците и тестирање.

Во светот, бројот на потврдени случаи на заболеност од коронавирус надмина 2.4 милиони. Речиси една ретина од оваа бројка, или 760 илјади, се во САД, каде досега од болеста Ковид-19 починаа над 40 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас