САД не сакаат воена соработка со Иран во борбата против ИД

Од:

САД денеска ја отфрлија секоја можност за каква била соработка со Иран на воената коалиција предводена од Вашингтон, во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), но не исклучија одделни консултации со Техеран за ситуацијата во Ирак.

Ова денеска го соопшти портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки како одговор на претходно објавеното соопштение на Твитер на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи, во кое тој одлуката на Вашингтон да создаде меѓународна коалиција против радикалните исламисти во Ирак и Сирија ја оцени како „лицемерна и за сопствени интереси“.

Тој го отфрли „предлогот на САД кон Иран“, додавајќи дека Американците сакаат да воспостават контрола врз реонот и да ги претворат Ирак и Сирија во она што е Пакистан, „каде вршат злосторства кога и да посакаат“.

Псаки призна дека претставници на Вашингтон и Техеран во јуни разговарале за кризата во Ирак за време на преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена, потенцирајќи дека САД немаат воена координација со Иран.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел