САД: Нападнавме бродови кои шверцуваа дрога, загинаа пет лица

Од:

Американската војска соопшти дека извршила уште два напади врз, како што наведува, бродови за шверц на дрога во источниот Пацифик, при што загинале пет лица.

Американската војска во четврток соопшти дека три лица се убиени на едниот брод, а две на другиот, објави NBC.

– Разузнавањето потврди дека бродовите транзитирале по познати рути за трговија со дрога во источниот Пацифик и биле вклучени во операции за трговија со дрога, се вели во соопштението на Јужната команда на САД.

Од почетокот на септември, Пентагон потона 28 наводни бродови за дрога во Карибите и источниот Пацифик, при што загинаa најмалку 104 лица во нападите.

Во последните недели, американскиот претседател Доналд Трамп постојано објавуваше дека американската војска наскоро ќе започне копнени напади насочени кон шверцерите на дрога во Карибите, ескалирајќи ги тензиите меѓу САД и Венецуела.

Администрацијата на Трамп заплени танкер за нафта покрај брегот на Венецуела минатата недела и најави нови санкции врз земјата.

Речиси четири месеци, САД одржуваат значително воено присуство на Карибите, голем дел од нив покрај брегот на Венецуела, под изговор за борба против трговијата со дрога, што Венецуела го осуди како таен обид за промена на режимот во Каракас.

Би можело да ве интересира

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он