САД: Над 20 илјади странски борци заминале за Сирија

Од:

Странски борци заминуваат во Сирија, а нивната бројка е без преседан, со повеќе од 20 илјади доброволци од целиот свет, кои се приклучуваат кон Исламска држава или некоја друга екстремистичка организација, соопштија американските разузнавачки агенции.

Странски борци од повеќе од 90 земји заминале во Сирија, вклучувајќи најмалку 3.400 од западните земји и повеќе од 150 Американци, покажуваат последните податоци на американскиот Национален антитерористички центар.

– Прецизна бројка нема, но линијата на трендот е јасна и загрижувачка, изјави директорот на Центарот, Николас Расмусен.

– Стапката на странски борци, кои патуваат во Сирија е без преседан. Таа ја надмина стапката на оние кои заминале во Авганистан, Пакистан, Ирак, Јемен или Сомалија во кој било момент во изминатите 20 години, рече Расмусен.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас