САД: Над 1.000 починати од Ковид-19, нови 190.000 заразени во изминатиот ден

Од:

Во САД во изминатите 24 часа се регистрирани нови 190.562 случаи на лица заразени со коронавирусот, а починале 1083 луѓе, објавија властите.

Вкупниот број на заразени во земјата, кој е највисок во една држава во светот, сега изнесува речиси 13 милиони, а од компликации поврзани со Ковид-19 починале 263.812 Американци.

Најзагрозена е државата Тексас, во која има 1.191.608 случаи, нешто повеќе од Калифорнија и Флорида. Најмногу смртни случаи се забележани во државата Њујорк (34.276).

По САД, најмногу вкупно заразени со Ковид-19 има во Индија (околу 9.2 милиони) и во Бразил (нешто над 6 милиони).

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност