САД му вратија на Ирак антички предмети одземени во акција против ИД

Од:

САД денеска му вратија на Ирак антиквитети, што биле одземни од борци на групата Исламска држава во Сирија и соопштија дека конфискуваните предмети се доказ дека екстремистите својата војна ја финансираат преку шверц на древни предмети, пренесоа британските медиуми.

Античките вредности биле одземени од американските специјални единици во текот на мај, во операцијата против командантот на Исламска држава, познат како Абу Сајаф. Меѓу нив имало древни цилиндрични печати, керамички садови, метални гривни и друга бижутерија, а исто така и стаклени парчиња веројатно од вазна за цвеќе. Конфискувани биле и рани исламски монети.

Исламска држава разграба некои од најзначајните археолошки наоѓалишта во северен Ирак. Таа лиферува видео снимки на кои се гледа како нејзините борци уништуваат предисламски споменици, што таа ги смета за идолопоклоство.

Според ирачки претставници, снимките од разурнувањата на спомениците имаат за цел да го свртат внимението од фактот дека групата се занимава со шверц на антика, за стекнување на средства.

-Ова е првиот јавен доказ дека „Даеш“ ги продава артефактите за да ги финансира своите активности, рече американскиот амбасадор во Ирак, Стјуарт Џонс, употребувајќи го арапскиот акроним за групата.

„Нејзната цел е да ги продава овие антиквитети на светскиот црн пазар“, изјави тој во националниот музеј во Багдад, каде беа предадени древните скапоцености.

-Денешните напори претставуваат успех во стремежот за враќање на ирачкото историско наследство, но кампањата за враќање на сите ирачки украдени скапоцени предмети и натаму продолжува, рече Џонс.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски