САД ја обвинија Кина дека ги крши санкциите на ОН кон Северна Кореја

Од:

Американскиот Стејт департмент ја обвини Кина за кршење на обврската за спроведување на меѓународните санкции кон Северна Кореја и соопшти дека Вашингтон ќе понуди награда до пет милиони долари за информации за прикривањето на кршењето на санкциите.

Американскиот заменик-помошник државен секретар за Северна Кореја, Алекс Вонг, на митинг во Вашингтон, ја обвини Кина дека „се обидува да се откаже од режимот на санкции на ОН воведен кон Пјонгјанг со цел да се откаже од својата програма за нуклеарно вооружување“, пренесуваат британските медиуми.

Вонг кажа дека во Кина работат најмалку 20.000 работници од Северна Кореја, кои ги кршат санкциите на ОН.

Тој додаде дека САД во 555 наврати претходно забележале дека севернокорејските бродови превезуваат јаглен и друга стока под санкции во Кина и дека кинеските власти не се обидуваат да го спречат тоа.

Вонг, исто така, кажа дека во Кина во моментов има дваесетина севернокорејски службеници поврзани со програмите и банките кои, наводно, се поврзани со оружје за масовно уништување.

Тој посочи дека Кина се обидува да ги укине санкциите воведени од ОН врз Пјонгјанг, за кои самиот Пекинг гласаше во 2006, 2009, 2013, 2016 и 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета