САД во последното деноноќие извеле 14 воздушни напади врз позициите на џихадистите од групата Исламска држава во Ирак и Сирија, соопшти Централната команда на американските Вооружени сили за регионот (Сентком).
Според Командата, осум од овие бомбардирања се изведени во реонот на сирискиот град Кобане, крај турската граница. Во нападите била уништена мала група борци на ИД, нивниот командно-контролен центар и неколку згради, автомобили и борбени позиции на оваа екстремистичка група.
Во Ирак американските авиони извеле по три напади врз реоните на градовите Фалуџа и Синџар, во кои биле уништени неколку контролни позиции и автомобили на џихадистите .