САД, Израел и Египет договорија прекин на огнот во јужниот дел на Газа, Хамас не е информиран

Од:

САД, Израел и Египет се согласија за прекин на огнот во јужниот дел на Газа, кој почна во 8 часот по средноевропско време за да се совпадне со повторното отворање на граничниот премин Рафах, објави Ројтерс, повикувајќи се на два египетски безбедносни извори.

Канцеларијата за медиуми на Хамас соопшти дека нема информации за договорено хуманитарно примирје, пренесува Ројтерс.

Сепак, се чини дека ниту една страна не сака официјално да го потврди прекинот на огнот. „Прашани за потврда, израелската армија и американската амбасада во Израел не дадоа веднаш коментар“, јавува Ројтерс. Конвој камиони со хуманитарна помош чека да влезе во Газа.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Хамас објави видео со живи заложници

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина