САД испратија помош за спречување на ширењето на еболата во Либерија

Од:

Американски маринци со шест воени авиони пристигнаа во Либерија, која е една од трите најтешко погодени земји од еболата во западна Африка, со цел да помогнат во спречувањето на  ширењето на заразата.

Со авионите, кои слетале во близина на либерсикиот главен град Монровија, пристигнале уште сто маринци, со што, како што соопшти командантот на американските сили во земјата, генерал-мајор Дерил Вилијамс, вкупниот број на припадници на Маринскиот корупс на САД во Либерија достигна над 300 лица.

Од авионите биле истоварени сандаци со опрема, а либериски здрвствени работници веднаш по пристигнувањето на војниците им ја измериле телесната температура.

Според најавите од Вашингтон, во Либерија би можеле да бидат испратени и до 4.000 американски војници, кои би помагале во справувањето со болеста.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас