САД испратија и втор носач на авиони во Персискиот Залив

Од:

Американската морнарица испрати и втор носач на авиони во регионот на Персискиот Залив, со што сега таму има два носачи, заедно со нивните борбени групи, јави Асошиетед прес, повикувајќи се на изјави на американски функционери.

Носачот на авиони „Хари Труман“ веќе пристигна во водите на Арабиско Море. Според планот, тој требаше да го замени носачот „Нимиц“, кој, пак, од водите на Индиски Океан требаше да се повлече во матичната база. Но, морнарицата нареди и „Нимиц“ да остане, барем засега.

Анонимните функционери, кои не смеат јавно да говорат за движењето на борбените бродови, го опишаа маневрот како „зголемена внимателност“, а не како групирање на капацитетите за евентуалниот воен удар врз Сирија. Тие наведуваат дека поради намалувањето на буџетот, САД не се во можност постојано да задржат два носачи на авиони со своите борбени групи во регионот на Персискиот залив, но оти „привремено ќе направат исклучок“.

Носачите „Нимиц“ и „Хари Труман“ носат по околу 90 авиони и хеликоптери.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски