САД испратија 130 нови воени советници во ирачки Курдистан

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама испрати 130 лица дополнителен воен персонал во Ирак, соопшти американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Хејгел во обраќање пред припадници на Вооружените сили на САД во Калифорнија, изјави дека војниците вчера пристигнале во област во близина на Ербил, главниот град на ирачки Курдистан.

Американското Министерство за одбрана објави и соопштение во кое се наведува дека војниците распоредени во северен Ирак ќе извршат проценка на обемот на хуманитарната мисија и ќе ја зголемат дополнителната хуманитарна помош за ирачките цивили што се под опсада на Исламската држава во Синџар.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД