САД и сојузниците извршиле над 30 воздушни напади против ИД во Ирак и Сирија

Од:

САД и сојузниците вчера извршиле 31 воздушен напад врз позиции на „Исламска држава“ во Ирак и Сирија, соопшти американската команда.

Коалицијата извршила 12 напади врз борбени делови и магацини за оружје на ИД во Сирија и 19 во Ирак.

Најмалку 10 цивили се убиени денеска при воздушни напади на сирискиот режим во регион, под контрола на групата ИД во сириската провинција Алепо, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Други четири лица загинаа во екссплозија на бомба во источното предградие на Багдад, соопшти телевизијата Би-Би-Си Арабија, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски