САД и ЕУ: Изборите во Источна Украина се ништовни

Од:

САД се придружуваат на осудата што нашите европски сојузници и партнери ја искажаа во однос на фиктивните „избори“ во деловите од Источна Украина, што се под контрола на сили поддржани од Русија, соопшти американскиот Стејт департмент.

ОБСЕ одби да врши мониторинг на гласањето што се одржаа на 11 ноември, а на денешната специјална средба на Постојаниот совет на Организацијата, ЕУ ги прогласи изборите за ништовни.

– Незаконските избори во неделата се обид на Москва да инсталира свои повереници во регионот Донбас во т.н. „Доњецка и Луганска Народна Република, наведува Стејт департментот.

Во соопштението се додадаве дека овие енитети не се предвидени со договорите од Минск и не се дел од уставно гарантираната власт во Украина.

Според Стејт департмент, овие ентитети треба да бидат расформирани, „заедно со незаконските воени формации“.

– Русија калкулираше дека овие „избори“ водат кон меѓународна поддршка за нејзините повереници, но згреши. Тие беа осудени од двете страни на Атлантикот и од Советот за безбедност на ОН, како и од ОБСЕ, се вели во соопштението.

Стејт департментот истакнува дека САД и ЕУ се едногласни околу почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

– Ние ќе продолжиме со нови санкции кон Русија повразни со Украина, се додека Москва целосно не ги исполни договорите од Минск и не и го врати Крим на Украина, нагласува Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак