САД ги прекинаа летовите кон и од Венецуела

Од:

Американското Министерство за сообраќај синоќа нареди прекин на сите комерцијални и товарни авиони меѓу САД и Венецуела, наведувајќи ги како причина немирите и насилството околу аеродромите во таа земја во Јужна Америка.

Во писмо испратено од Министерството за сообраќај, американското Министерство за национална безбедност наведува дека „условите во Венецуела ја загрозуваат безбедноста на патниците, авионите и екипажот, кои патуваат во или од таа земја“.

Министерството за информации на Венецуела засега не ја коментираше оваа одлука.

Многу меѓународни авиокомпании престанаа да летаат во Венецуела поради стравувањата за безбедноста или спорови околу пари, за кои тврдат дека Владата на таа земја им ги должи.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност