САД ги критикуваат Русија и Кина по оставката на Анан

Од:

САД ја префрлија вината за оставката на меѓународниот претставник на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан врз Русија и Кина поради нивното одбивање да ја поддржат резолуцијата за Сирија.

Анан неуморно работеше во обид за постигнување консензус во меѓународната заедница, прекин на крвопролевањето и смена на власта која ќе ги исполни легитимните настојувања на сирискиот народ, истакна американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Таа му се заблагодарила на Анан поради преземањето на „тешката задача“ во обид да обезбеди мирна транзиција во Сирија.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека одлуките за вето на резолуцијата за Сирија „биле за жалење и ги ставиле Русија и Кина на погрешна страна од историјата од сирискиот народ“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, исто така, изрази жалење поради оставката на Кофи Анан.

Оставката на Анан укажува колку е жално што Советот за безбедност на ОН не успеа да се договори околу резолуцијата, кој би го поддржала планот од шест точки за Сирија, наведе Ештон.

Таа изрази надеж дека наследникот на Анан ќе биде што поскоро именуван со цел да се продолжат напорите за прекин на граѓанската војна во Сирија.

И Кина жали поради оставката на Кофи Анан, уверувајќи дека Пекинг ќе продолжи да работи за мирно решавање на конфликтот во Сирија.

Ние ја разбираме тежината на посредничката мисија на Анан и ја почитуваме неговата одлука, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека Москва жали поради одлуката на Анан. Тој додаде дека Анан има уште еден месец од мандатот, кој може ефективно да го искористи за постигнување на својата цел за прекин на насилството во Сирија.

Анан вчера како една од причините за неговото повлекување ги наведе несогласувањата и взаемните обвинувања во 15-члениот Совет за безбедност на ОН. Неговиот мандат истекува на 31 август.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска