САД фрлиле најмногу бомби во Авганистан од 2010 година

Од:

Американски воени авиони во Авганистан зголемиле број на фрлени бомби до ниво невидено од 2010 година, откако претседателот Доналд Трамп објави нова стратегија во август.

Според податоци на армијата, во септември американските ВВС исфрлиле 751 бомба, речиси 50 отсто повеќе отколку во август кога таа бројка била 503. Тоа е најголем број бомби за еден месец од 2010 година кога беше „врвот“ на засилувањето на американското воено присуство во Авганистан.

Во податоците не се внесени удари нанесени од американската пешадија, кои имаат хеликоптери и друга авијација во Авганистан.

Во Базата Баграм има уште шест нови воени авиони Ф-16 и дополнителен број бомбардери Б-52 кои од бази во Персискиот залив ќе напаѓаат цели во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти