САД доделува дополнителна хуманитарна помош за Јемен, Јужен Судан, Нигерија и Сомалија

Од:

Соединетите Американски Држави донесоа одлука за доделување дополнителна хуманитарна помош за земјите погодени од насилство и глад на Блискиот Исток и Африка, јави ДПА.

Со новата транша од 575 милиони долари за Јемен, Јужен Судан, Нигерија и Сомалија, вкупната хуманитарна помош на САД за овие четири земји достигна речиси 2,5 милијарди долари, соопштија американските власти, на маргините на Генералното собрание на ОН.

Со дополнителните средства, САД ќе обезбедат итна помош за храна, лекови, санитарни и хигиенски средства, како и чиста вода за пиење заради лекување и превенција на колера и други болести.

Сите четири земји се погодени од епидемии, глад и граѓанска војна, а Јужен Судан е погоден и од тешка суша.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД