САД бараат истрага по убиството на Американка на Западниот Брег

Од:

Белата куќа го повика Израел да го истражи случајот на американскиот државјанин, кој беше убиен од израелски војници за време на протестите на Западниот Брег.

Вашингтон побара од израелската влада повеќе информации и истрага за инцидентот, изјави портпаролката на американскиот претседател Џо Бајден, Карин Жан-Пјер.

„Жалиме за оваа трагична загуба“, изјави шефот за надворешна политика на САД, Антони Блинкен.

„Најважно е да се соберат факти“, рече тој, додавајќи дека акциите и заклучоците ќе бидат „водени од факти“.

Палестинските власти ја опишаа жртвата како 26-годишна активистка од Сиетл, која имала и американско и турско државјанство.

ВАФА објави дека израелските војници застрелале американска државјанка додека таа протестирала против проширувањето на израелските населби на северот на Западниот Брег.

Според извештајот, жената починала откако била пренесена во болница со сериозна повреда на главата. ВАФА соопшти дека активистка со турско потекло учествувала на протест против проширувањето на израелските населби во градот Беита, јужно од градот Наблус, кога израелските војници отвориле оган.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица