Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

Од:

Израел продолжи со нападите врз Појасот Газа во текот на ноќта, бомбардирајќи ги густо населените области во централниот и северниот дел на палестинската енклава, предизвикувајќи неколку цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.

Во северниот дел на Газа, израелски воени авиони погодија станбена зграда полна со цивили, при што загинаа најмалку осум од нив, меѓу кои и мајка и нејзините деца, од кои најмладиот има шест месеци, јави катарската телевизија.

Погоден е и стан во бегалскиот камп Буреиј, лоциран во центарот на Газа, каде во нападот загина едно палестинско дете, а неколку други се пренесени во болница со повреди, соопштија палестинските власти, пренесе Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он