Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека новите американски напади врз Иран се „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран.

„Кога имате прекин на огнот, а Иран фундаментално го крши, мислам дека е апсолутно клучно САД силно да реагираат“, изјави Руте пред новинарите пред самитот на лидерите на НАТО во Анкара, објави Ројтерс.

Тој рече дека очекува сојузниците во текот на денот да го потврдат својот став дека Иран треба целосно да го отвори Ормутскиот теснец за меѓународен превоз.

Зборувајќи за односите во рамките на Алијансата, Руте рече дека постои „целосна посветеност“ на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО, но дека Вашингтон во исто време оправдано очекува европските членки и Канада да ги зголемат трошоците за одбрана и да ги порамномерно да ги делат трошоците во рамките на алијансата.

Коментирајќи го наводното незадоволство на некои американски претставници од сојузниците околу нивниот став кон Иран, Руте оцени дека станува збор за „изолирани случаи“.

Генералниот секретар на НАТО се осврна и на прашањето за Гренланд, наведувајќи дека се води „добар процес“ во врска со тоа прашање, но не даде дополнителни детали.

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат