Рут Дејвидсон: Ќе агитирам за ЕУ ако има втор референдум за Брегзит

Од:

Лидерката на шкотската Конзервативна партија, Рут Дејвидсон изјави дека ќе агитира за останување на Велика Британија во ЕУ доколку се организира втор референдум за ова прашање.

– Не навивам за Брегзит, изјави Дејвидсон во интервју за Би-Би-Си, забележувајќи дека би била многу посреќна ако никогаш повеќе нема да има референдум за кое било прашање. – Сепак, доколку има одново референдум за ЕУ, тогаш ќе гласам за останување во Унијата, изјави Дејвидсон.

Во текот на минатогодишната кампања за референдумот за Брегзит, таа агитираше за останување во ЕУ, а и самата е силен подржувач на Унијата и на европското интегрирање.

Во јуни 2016 година, таква беше определбата на тогашниот партиски лидер и премиер, Дејвид Камерон, а зад него застанаа најголемиот број од владините министри, вклучувајќи ја и Тереза Меј.

Сега како британска премиерка, Меј целата своја политичка активност, во партијата и во Владата ја насочи кон Брегзит, оправдувајќи се со потребата да ја „спроведе волјата на гласачите“.

Дејвидсон, меѓутоа, остана приврзана на кампањата што ја водеше и пред една година.

Таа сега не агитира за нов референдум и вели дека земјата оди кон напуштање на Унијата, но смета дека годинешниве предвремени парламентарни избори, една година по референдумот, покажаа поинакво расположение кај гласачиѕте и го открија стравот за иднината на земјата.

Во Шкотска Брегзит беше уверливо поразен, а тамошните гласачи и сега мислат дека Британија треба да биде дел од ЕУ.

Рут Дејвидсон со својата определеба за ЕУ, извојува голем успех на јунските избори, одземајќи и на сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП) десетина пратенички места и обезбедувајќи им на ториевците втора позиција кај шкотските гласачи, што одамна не е забележано.

Во Лондон се верува дека Дејвидсон е еден од претендентите за наследничка на Меј, но во Единбург сметаат дека нејзината амбиција е победа на шкотските избори за четири години и канцеларијата на прв министер на Шкотска.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски