Руските сили убија лидер на исламистичка група на Кавказ

Од:

Рускиот национален комитет за борба против тероризмот соопшти дека за време на специјална операција во Дагестан, во северниот дел на Кавказ, е убиен лидерот на исламистичка група Алиашаб Кебеков.

Припадниците на групата „Кавкаски емирати“ објавија на интернет дека Кебеков е убиен, нагласувајќи дека „нивниот почитуван брат станал маченик“.

Четириесет и три годишниот Кебеков ја предводи оваа група од минатата година, по смртта на чеченскиот лидер Доку Умаров.

Тој се наоѓа на руската листа на терористи и екстремисти, а САД го прогласија за „глобален терорист“, бидејќи изразувал подготвеност да ги извршува наредбите на Ал Каеда.

Русија тврди дека Кебеков бил директно вмешан во организирањето на самоубиствениот бомбашки напад во Волгоград во 2013 година, во кој загинаа 34 лица. 

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија