Руските сили погодиле две бази со странски борци кај Харков

Од:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили погодиле две „бази на странски платеници распоредени во близина на Харков“.

Министерството тврди дека руските сили погодиле хангар во кој се складирал американски артилериски систем хаубица М777 во близина на селото Часив Јар во регионот Доњецк, изјави портпаролот на руското министерство Игор Конашенков.

Тој, исто така, рече дека два украински авиони Су-25 биле соборени во јужниот регион Миколаев и дека уништиле магацини со муниција и воена опрема во Миколаев и во источните региони на Днепро и Доњецк.

Конашенков додаде дека десетици украински војници биле убиени во артилериски и ракетни напади.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород