Руските пратеници одобрија: Отсега и криминалците ќе можат да служат воен рок во Русија

Од:

Рускиот парламент усвои закон со кој на лицата со криминално досие им се дозволува да служат воен рок, од кој ќе бидат изземени лицата кои извршиле тешки кривични дела, се вели во образложението.

Руските медиуми пишуваат дека претставниците прифатиле и амандмани со кои се прецизирани кривичните дела за кои осудените нема да можат да влезат во служба.

Списокот вклучува саботажа, незаконско ракување со нуклеарни материјали или радиоактивни материи, поттикнување терористички активности и силување на малолетници.

За мажите, старосната граница за служба е поставена: 70 години за високи офицери и 65 години за оние со понизок воен чин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Затвореник повреден во тепачка во Идризово

A1on

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Затвореници во Германија одбија амнестија, сакаат Божиќ да го поминат во затвор

Горан Наумовски

Ритер: Руските војници бележат победи и постигнуваат сериозни успеси

Ритер: Руската армија е најдобра на планетава