Руските истражители го обвинија новинарот Еван Гершкович за шпионажа

Од:

Руските истражители го обвинија уапсениот американски известувач на „Волстрит џурнал“ Еван Гершкович за шпионажа.

„Герскович е обвинет за шпионажа“, изјави денеска за руската агенција Интерфакс извор запознаен со ситуацијата.

Американскиот новинар беше обвинет по член 276 од Кривичниот законик на Руската Федерација, според кој му се заканува затворска казна до 20 години.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо вчера повикаа на итно ослободување на новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и ги нарекоа обвинувањата „смешни“, пренесе Ројтерс.

Како што претходно објави руската ФСБ, Гершкович беше приведен на 30 март во гардата на Екатеринбург „при обид да дојде до тајни информации“, пренесе Интерфакс.

„Постапувајќи по инструкции на американската страна, Герксович собрал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс“, соопштија претходно руските истражни органи.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски