Рускиот Врховен суд го прогласи баталјонот Азов за терористичка група

Од:

Рускиот Врховен суд го нарече украинскиот баталјон Азов – терористичка група, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во Судот.

Баталјонот Азов, група со екстремно десничарски и ултранационалистички корени, долго време е една од најистакнатите воени групи во борбата против Русија во источна Украина, наведуваат западни медиуми. Русија долго време се повикува на тој баталјон во своите тврдења дека со Украина управуваат „фашисти“.

Руската државна пропаганда ги спореди „Азовците“ со нацистите.

Базата на баталјонот претходно беше во источниот украински град Мариупол, па голем број членови беа однесени во Русија откако тој град падна под контрола на Москва во мај, по речиси тримесечна опсада.

Официјални лица на самопрогласената Доњецка Народна Република, каде е тој град, во мај објавија дека заробените украински борци ќе бидат осудени на смрт, според законите на самопрогласената република.

Русија не спроведува смртна казна, но откако беше исфрлена од Советот на Европа во февруари, поранешниот руски претседател, а денес заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитри Медведев, изјави дека тоа е добра можност да се врати таа казна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија