Рускиот амбасадор во Хелсинки вели дека приемот на Финска во НАТО не е директна закана за Москва

Од:

Официјалниот прием на Финска во НАТО не претставува директна закана за Русија, но постои загриженост во врска со распоредувањето на инфраструктурата и тешкото вооружување на Алијансата, изјави денеска рускиот амбасадор во Финска, Павел Кузњецов.

„Официјалниот прием на Финска во НАТО не претставува сериозна закана за руската безбедност. Сепак, постои загриженост дека НАТО би можел да распореди свои постојани воени бази или тешко офанзивно оружје и системи за ракетна одбрана во Финска“, рече Кузњецов, за руски медиуми.

Во тој случај, како што предупреди рускиот амбасадор во Финска, Русија ќе мора да преземе соодветни мерки како одговор за својата безбедност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија