Руски научници го уништуваат коронавирусот со терапија за рак

Од:

Тим од руски научници од Новосибирск успеале да го ликвидираат коронавирусот од заразена клетка за само 40 секунди, со помош на фотодинамичката терапија, која во Русија се користи за лечење на малигни заболувања.

Како што се наведува во извештаите на руските медиуми, вирусолозите од компанијата Вектор, низ истражувањата откриле нови антивирусни својства на препаратот „Радахлорин“, кој се користи во фотодинамичката терапија кај пациенти со тумори. Вирусот може да се уништи за 40 секунди со помош на млаз од ласерска енергија со мал капацитет и многу мало количество медицински фотосензибилатори.

На овој начин, можат да се излечат клетки заразени со коронавирусот, тврдат руските научници, кои препорачуваат новата метода да се вклучи во клиничката пракса за превенција и лечење на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски