Руската министерка за здравство избрана за претседател на Собранието на СЗО

Од:

Руската министерка за здравство Вероника Скворцова денеска е избрана за претседателка на 70-тото Собрание на Светската здравствена организација (СЗО), чие заседание започна денеска во Женева.

Како што јави ТАСС, Скворцова е избрана на едногодишната ротирачка претседателска функција на предлог на државите од европскиот регион.

Регионалната директорка на СЗО за Европа, Сузана Јакап изјави дека европските земји при предлагањето на руската министерка имале два мотиви – огромното лично искуство на Скворцова и водечката улога на Русија во многу сфери на здравствената заштита.

При изборот на Скворцова единствено против се изјасни делегацијата на Украина.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа