Руската делегација го напушти ГС на ОН за време на говорот на Саакашвили

Од:

Делегацијата на Руската Федерација ја напушти салата на Генералното собрание на ОН за време на обраќањето на претседателот на Грузија, Михаил Саакашвили, во знак на несогласување со неговите оценки во врска со руската политика, сооопшти порпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.

– Во знак на несогласување со оценките кои Саакашвили ги претстави од говорницата на Генералното собрание, руските претставници излегоа од салата, посочи Лукашевич.

Како што јави ИТАР-ТАСС, делегацијата на Русија ја напуштила салата кога грузискиот претседател упатил критики кон руските власти и политиката на Москва кон земјите од поранешниот Советски Сојуз.

Истовремено, постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека „психичката состојба на претседателот на Грузија бара професионална оценка“.

– Тоа дури не беше говор, туку збир од налудничави измислици, што носеа не само антируски, туку русофобичен и антиправославен карактер. За среќа на грузискиот народ се ближи крајот на политичката кариера на овој човек, чија психичка состојба има потреба од професионална оценка, потенцира Чуркин.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски