Руска партија бара легализацијата на проституцијата

Од:

 Руската партија „Вистинскo дело“, соопшти денеска дека во својата платформа разгледува и за легализацијата на проституцијата, ако јавноста се согласува.

– Сакаме да го свртиме вниманието на тој проблем и дека тие жени работат во неподносливи услови, и дека се третираат како робови, а потоа ги отфрлаат на улица, рече портпаролот Андреј Дунајев за весникот „Известија“.

Тој додаде дека жените често „регрутираат“ криминалци или што е многу  чест случај, корумпирани полицајци.

– Вџашен сум колку внимание привлече оваа проблематика. За оваа тема треба да се разговара во рамки на прашањата на модерното ропство. Станува збор за жените кои работат во секс индустријата и жените кои доаѓаат од странство, а кои живеат како стока, рече Дунајев.

Легализацијата на проституцијата би овозможила жените да ги уживаат истите права како и другите работници и отворените бордели, гарантирајќи им безбедност на работата, можност на редовен здравствен преглед и пензионирање.

Проституцијата во Русија сега не е кривично дело, туку прекршок кој се казнува парично со околу 2.000 рубљи или 65 долари. Спротивно од тоа, организирањето проституција се казнува со пет години затвор.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија