Русите обвинија земја од НАТО: Знаеме дека сте вклучени

Од:

Германската влада е сè повеќе вклучена во воени дејствија против Русија, а дел од тоа се плановите за започнување со производство на ракети во Украина, објави претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин.

Тој го објави ова во официјално писмено обраќање до претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, и лидерите на петте политички партии во германскиот парламент.

„Знаеме дека германската влада планира да започне со производство на ракети во Украина. Ова сè повеќе ја вклучува Германија во воени дејствија против Русија. Вие самите разбирате до што може да доведе ова“, рече Володин, според текстот од неговото обраќање објавен на веб-страницата на Државната дума, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека во поновата историја, Русија направила сè за да изгради ефикасна интеракција и економски врски што овозможиле развој на Германија.

Сепак, сегашната владејачка елита на Германија провоцира конфликти меѓу двете земји, рече рускиот функционер.

„Дали народот на Германија го сака тоа, тоа е прашањето. Ние не го сакаме. Но, ако се случи, ние сме подготвени“, нагласи Володин.

На крајот на мај, германското Министерство за одбрана објави дека Берлин и Киев потпишале договор за финансирање на производство на оружје со долг дострел во Украина, според ТАСС.

Би можело да ве интересира

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Сикорски: „Вооружена Германија во рацете на крајната десница е ризик за Европа“