Русите можеби ќе го погребаат Ленин догодина

Од:

Руските букмејкери почнаа да примаат облози дали Ленин ќе биде погребан во 2013 година, пишува „Гардијан“.

Руската православна црква ја поддржува идејата за погребување на починатиот, додека Комунистите се категорично против.

Повеќемина руски граѓани прифаќаат балсамираното тело на Ленин да биде изнесено од мавзолејот на „Црвениот плоштад“ и да биде погребано до неговата мајка во Санкт Петербург, според резултатите од анкетите.

Овој предлог прв во Парламентот на СССР ја изнесе писателот и поранешен дисидент Јуриј Каркин уште во 1989 година.Постоеја неколку обиди за тоа, по распадот на СССР, но ниту еден политички лидер досега не се осмели да го погребе Ленина.

Можеби третиот претседателски мандат на Владимир Путин ќе биде доволен за да направи ваков пресврт.

 

 

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија