Русите ќе ја нападнат Украина од друг правец: „Mобилизираат 100.000 војници“

Од:

Русија подготвува пет можни сценарија за проширување на војната на север од Украина и планира да мобилизира до 100.000 дополнителни војници, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, украинската разузнавачка служба ги проценува потенцијалните насоки на руската офанзива, со посебен акцент на оската Чернигов-Киев, а Украина подготвува одговори на секоја закана и ќе ги прошири нападите со беспилотни летала со долг дострел со цел да го зголеми притисокот врз Русија, објавува Киев Пост.

Зеленски објави на Телеграм дека одржал состанок на штабот каде што се дискутирало за разузнавачките информации за руските планови за можни офанзивни операции во правец на Чернигов и Киев. „Подготвуваме одговори за секој можен потег на непријателот ако Русите навистина се осмелат да ја прошират својата агресија. Нашите сили во таа област ќе бидат зајакнати“, рече тој.

Зеленски додаде дека на состанокот била дискутирана и информацијата дека Русија подготвува нови мерки за мобилизација за регрутирање на „дополнителни 100.000 луѓе“. Сепак, тој процени дека Русија во моментов нема капацитет за тајна мобилизација од таков обем, сугерирајќи дека Москва наместо тоа би можела да се одлучи за „политички одлуки од различен формат“, слични на неодамнешните потези поврзани со молдавскиот регион Транснистрија.

Претседателот на Украина објави дека Украина се подготвува да го прошири опсегот на напади со долг дострел на руска територија, опишувајќи ги како „санкции со долг дострел“ кои веќе се покажаа ефикасни во намалувањето на способноста на Русија да води војна. „Украина дефинитивно ќе се брани, а сега нашата задача е да ја зајакнеме нашата земја, така што ниту едно од петте руски сценарија за проширување на војната на северот од Украина нема да успее“, рече тој.

Во меѓувреме, на 18 мај, Белорусија започна заеднички вежби со Русија кои вклучуваат борбена употреба на тактичко нуклеарно оружје и сродни операции за поддршка, објави белоруското Министерство за одбрана. Според Минск, целта на вежбите е да се подобри подготвеноста за употреба на „современи средства за уништување, вклучително и специјална муниција“. Ракетни сили и воздухопловни единици учествуваат во вежбите, а персоналот вежба испорака на нуклеарна муниција и операции од распоредени, неподготвени локации. Вежбите се фокусираат и на прикривање, движење на долг дострел и планирање на распоредување.

Минск тврди дека вежбите се дел од рутинската соработка на „Федералната држава“ со Русија, дека тие „не се насочени против трети земји“ и дека не ја загрозуваат регионалната безбедност. За прозападните медиуми останува нејасно како Белорусија, како ненуклеарна држава, обучувала персонал за наводна употреба на нуклеарно оружје, иако во повеќе наврати беше истакнато дека руски ракети се распоредени од порано во Белорусија во рамки на договорот за заедничка одбрана.

На 15 мај, Зеленски изјави дека украинските разузнавачки служби имаат докази дека Русија се обидува да ја вовлече Белорусија подлабоко во војната против Украина, а потенцијално и во идните операции против земјите од НАТО. Тој рече дека Киев ги следи контактите меѓу руските претставници и белорускиот лидер Александар Лукашенко, со цел зголемување на вклученоста на Минск во руските воени планови. Ова вклучува можни операции кон северот на Украина или против членовите на НАТО. Претходно, самиот Лукашенко најави ротациона мобилизација на избрани единици за подготовка на силите за можна „копнена операција“, велејќи дека Белорусија „се подготвува за војна“, иако се надева дека ќе ја избегне.

Би можело да ве интересира

Израелците бараат лек за новото оружје на Хезболах: „Ги уништуваат нашите системи вредни милијарди“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нападна станбени згради и деловни објекти во неколку региони во Украина

Катерина Ѓуровски

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа неверојатно ниво

А1он

Зеленски: Одобрив нови операции на украинските сили против Русија

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Меркел не сака да биде преговарач меѓу Украина и Русија

Горан Наумовски