Русин ја критикуваше инвазијата на Украина на Јутјуб, му се заканува 9 години затвор

Од:

Рускиот обвинител вчера побара деветгодишна затворска казна за Илја Јашин за обид да ја дискредитира руската воена интервенција во Украина. Јашин е политички сојузник на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални и бил близок со Борис Немцов, опозициски политичар кој беше убиен во близина на Кремљ во 2015 година.

Обвинителството го товари 39-годишниот поранешен градски советник во Москва за лажно обвинение на руската армија дека е одговорна за масовните убиства на цивили во Буча. Јашин ги изнел овие тврдења во април на пренос на YouTube за време на дискусија за актуелната руска влада, пишува Moscow Times.

На Јашин му се суди според новите закони кои стапија на сила по почетокот на руската инвазија на Украина, чија главна цел е да се казни она што властите сметаат дека се штетни или лажни информации за руската војска.

Јашин беше еден од ретките критичари на Кремљ кој одби да ја напушти земјата откако Путин испрати војници во Украина на 24 февруари. Наместо тоа, тој редовно ја осудуваше инвазијата преку неговиот канал на YouTube, кој има 1,3 милиони претплатници.

На судското рочиште минатиот месец, Јасин рече дека ја сака Русија и е подготвен да „плати со својата слобода“ за да остане во земјата. Обвинителите во ноември обвинија дека Јашин „предизвикал значителна штета на Русија“ и „зголемил политички тензии“ додека руските трупи се бореле во Украина. „Ова е чист политички настап, нема никаква врска со законот“, напиша рускиот новинар Василиј Полонски на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков