Русија: Турските артилериски напади во Северна Сирија „апсолутно беззаконие“

Од:

Руското МНР соопшти денеска дека турските артилериски напади во Северна Сирија се „апсолутно беззаконие“, пренесе БТА.

Она што се случува во моментот на турско-сириската граница, е „апсолутно беззаконие“, изјави портпаролот на руското МНР Марија Захарова.

– Турција врши удари врз населени места преку границата, таму префрлува пари, луѓе, материјално-технички средства, рече Захарова.

Турција го прави тоа само затоа дерка не може да го преживее фактот дека тие реони се ослободуваат од терористи, екстремисти, од оние кои толку долго ги поддржуваше, рече портпаролката на руското МНР.

Захарова исто така рече дека Москва имала за цел да одржува конструктивни односи со Анкара, „поради што не ја обелоденувала јавно соработката на Турција со Исламска држава“.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни