Русија се закани со контрамерки против Гугл доколку ја намали видливоста на руските медиуми

Од:

Доколку сајтовите на руските медиуми „Спутик“ и „РТ“ бидат симнати надол во резултатите од Гугл пребарувањето, Русија ќе преземе акции против компанијата Алфабет, мајка на Гугл.

Руската агенција за регулација на медумите преку писмо побарале разјаснување на зборовите на извршниот директор на Алфабет, Ерик Шмит, кој што рече дека пребарувачот работи за да не се дава толку голема видливост на таков тип на страници.

– Ќе добиеме одговор и ќе одлучиме што да правиме, изјави директорот на медиумскиот регулатор „Роскомнадзор“, Александар Жаров и посочи дека се надева дека нема да мора да прибегнуваат кон посериозни одговори.

Според американските разузнавачи Спутник и РТ ширеле дезинформации и објавувале негативни текстови за Хилари Клинтон за време на кампањата за претседателските избори во САД, минатата година.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски