Русија се откажа од зделката со Франција за „Мистралите“

Од:

Русија денеска соопшти дека се откажува од договорот со Франција за набавка на два носачи на хеликоптери „Мистрал“, вреден 1,2 милијарди евра и дека на место тоа ќе се насочи кон изградба на сопствени воени бродови, јави ТАСС.

Потпретседателот на руската Воено индустирска комисија, Олег Бочкаров изјави дека Русија нема да ги преземе нарачаните француски бродови и дека сега го разгледува прашањето за исплата на отштета од Франција.

– Тоа е завршена работа. Сега има само една дискусија и тоа за сумата пари што треба да и бидат вратени на Русија, додаде Бочкаров.

Според него, наскоро во Русија ќе доптаува француска делегација на преговори околу висината на отшетата.

Бочкаров нагалси дека Русија сега е насочена кон изградба на сопствени воен бродови, кои ќе треба да ги заменат „Мистралите“, но кои нема да бидат нивна копија.

Русија и Франција во 2011 година склучија договор за изградба на два носачи на авиони од типот „Мистрал“ во француските бродоградилишта за потребите на руската Воена морнарица.

Според договорот, првиот „Мистрал“ Франција требаше да и го испорача на Русија во текот на есента во 2014-та, а вториот оваа година.

Меѓутоа, Франција лани ја стопира испораката на првиот „Мистрал“ поради кризата во Украина и најави дека нема да го испорача ни вториот брод.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија