Русија: САД ја потпалуваат кризата со гас во Европа

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Соединетите Американски Држави „потпалуваат криза“ во снабдувањето со гас во Европа.

Тие го прават тоа со тоа што ги туркаат европските лидери да го преземат катастрофалниот чекор за прекин на економската и енергетската соработка со Русија, рече таа.

На прашањето на Ројтерс што треба да се случи за да почне повторно да работи гасоводот Северен тек 1, Захарова истакна дека тоа е прашање на кое дури и децата го знаат одговорот, а тоа е дека тие што го започнале мора и да го завршат. .

„Влијанието на Вашингтон во Европа преовлада“, истакна Захарова на маргините на Источноевропскиот економски форум во Владивосток.

САД и ЕУ ја обвинија Русија за енергетска уцена откако Москва ја прекина испораката на гас за Европа.

Европа се соочува со најголемата криза во снабдувањето со гас досега, зголемување на цените на енергенсите, а Германија размислува да ја ограничи потрошувачката.

Русија објави дека има технички проблеми со гасоводот Северен тек 1.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ