Русија: Ракетата која го собори авионот МХ17 е украинска

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска објави видео снимка која го докажува украинското учество во соборувањето на малезискиот авион МХ17 во 2014 година, изјави портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

Ракетата која го собори авионот е направена во градот Долгопрудни во близина на Москва 1986 година, и била доставена на воената единица која била распоредена во Украина и никогаш не била вратена во Русија, рече шефот на Секретаријатот за ракети и артилерија на руското Министерство за одбрана генерал Николај Паршин.

Украински високи претставници сами докажале дека проруските сили не можеле да имаат пристап до ракетниот систем Бук, наведе Конашенков.

Патничкиот авион МХ17 беше соборен од ракета над источна Украина во јули 2014 година при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари